Туристи ја “напаѓаат“ Македонија

 

44.478 туристи во април годинава ја посетиле Македонија. Оваа бројка е за 5% повисока отколку во април минатата година. Во април се евидентирани 94.033 ноќевања што е за 0,6 проценти повеќе од истиот месец минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, кај домашните туристи во април годинава, споредено со април лани има зголемување за  12,4 проценти,  и 2,8 проценти на нивнитеноќевања, а на странските за 1,1 процент,кај коипакиманамалувањенаноќевањата од 1процент.

Во периодот јануари-април годинава, во однос на истиот период во 2013, бројот на туристите е зголемен за 3,5 проценти, кај домашните за 8,4 проценти, а кај странските за 0,3 проценти. Бројот на ноќевањата е зголемен за 2,2 проценти - кај домашните за 3,4 проценти, а кај странските за 1,2 проценти.

12.06.2014 - 14:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега