Конечно долго очекуваната свадба: Ѓоковиќ се жени викендов!
Како што пишуваат српските медиуми, најдобриот тенисер Новаќ ѓоковиќ и Јелена Ристиќ ќе се венчаат викендов.
Тенисерот пред два дена ја организираше неговата ергенска вечер на Ибица, а според најавите од Црна Гора, од петок до понеделник ќе биде забранет пристапот кон Свети Стефан. Како што и ретходно се пишуваше, токму поради мирот, парот се одлучил врската да ја круниса на овој црногорски остров, а тамошните хотелиери истакнале дека влез ќе им биде дозволен само на оние кои имаат специјални покани, и од копно и од море.
12.06.2014 - 12:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа