Невработени сте? - Одете денеска во скопското училиште „Илинден“

Општина Илинден во соработка со компанијата Ван Хол денеска со почеток во 14 часот организира обука за невработени лица за потребите на оваа компанија, што ќе се одржи во Средното стручно училиште „Илинден“. 

На обуката претставниците на белгиската компанија за производство на автобуси ќе ги запознаат невработените лица со профилот на кадри што во иднина ќе им биде потребен, но и со начинот на аплицирање за вработување.

Со единствена цел да им се помогне на младите што побрзо да дојдат до вработување, а во рамките на одличната соработка со бизнис секторот и со државните институции Општина Илинден досега организираше повеќе обуки за невработени лица што беа реализирани со претставниците на Агенцијата за вработување, но и на „Џонсон Мети“, „Пекабеско“, Балканска млекарница „Суташ“, фабриката за работна и заштитна облека „VPTEX-Македонија“.

Обуките се отворени и на нив можат да присуствуваат сите заинтересирани невработени лица од Општина Илинден.

12.06.2014 - 10:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега