Сириските бунтовници ликвидираа новинарка на државната телевизија

 

Бунтовници ликвидираа сириска ТВ новинарка која известувала за конфликтите во близина на границата на Лисабон, соопштија од сириското министерство за информирање. Понзнатата новинарка Јару Абас, репортерка од државната телевизија Ал-Икбарија, бунтовниците ја нападнале во близина на воздухопловната база Даба во централната сириска провинција Хомс. Во соопштението на министерсвото не се наведени детали за нејзиното убиство. Базата Даба се наоѓа во близина на Кусајр, која од минатата недела е на мета на напади на владините сили и припадници на либанската шеиткса екстремистичка организација Хезболах. Во жестоките борби, за тој град загинале десетина бунтовници и војници. Од почетокот на конфликтот во Сирија во март 2011 година убиени се неколку известувачи. 

најчитано сега