Деветгодишно девојче јавно проговори за производството на нездрава храна на Мекдоналдс
Хана Робертсон има само девет години, а успеа да собере храброст и да му одржи лекција на директорот на Мекдоналдс, Дон Томпсон, посочувајќи му дека би било убаво да престане да ги привлекува децата да ја јадат храната од неговата компанија.
- Убаво би било да престанете да ги привлекуваат децата цело време да ја јадат вашата храна, изјави Хана на средбата со Робертсон.
Таа која целосно ја имале поддршката од својата мајка и ја прочитала напишаната изјава:
- Господине Томпсон дали не сакате децата да бидат здрави и да можат да живеат долг и среќен живот?, запрашала Хана.
На тоа Томпсон одговорил дека и неговите деца јадат во „Мекдоналдс“.
- Покрај тоа немаме маркетинг кој неправедно е насочен кон децата. Продаваме многу овошје и зеленчук и се обидуваме да продаваме уште повеќе, навел Томпсон.
Мајката на Ханам, Киа има блог за здрава исхрана, а во седиштето на „Мекдоналдс“ присуствуваше на конференција со другите членови на Меѓународното здружение за корпоративна одговорност, кое се обидува да го запре „предаторскиот маркетинг на компаниите насочен кон децата“