ВИДЕО: Прегазиле сиромашно момче за да му го украдат телефонот
Едно момче е убиено во Лас Вегас откако со кола го прегазиле двајца мажи кои сакале да му го украдат неговиот Ајпод. Сиромашното петнаесетгодишно момче Маркос Аренас, шетал по улицата со својот Ајпод во рака, кога покрај него застанал џип. Двајцата мажи излегле од возилото, го опколиле момчето и се обиделе да му го земат телефонот.
Истражителите соопштиле дека осомничените го одвлекле тинејџерот во џипот, додека тој цврсто го држел уредот. Во движење момчето испаднало од џипот, по што крадците го прегазиле. Аренас им подлегнал на повредите во болница. Полицијата издала потерница за осомничените за кои се испоставило дека возеле нерегистрирано возило.
Во последно време се почести се грабежите меѓу младите поради телефоните и другите вредни уреди, па надлежните се сомневаат дека токму и во овој случај станува збор за грабеж, затоа што осомничените имаат околу 20 години, навел портпаролот на полицијата во Лас Вегас Бил Касел.