По 70 години го пронашла дневникот на нејзиното момче кое загинало во војна

 

Во 1944 година 22 годишниот американски поручник Томас Катон Џонс, пред да загине од снајперски куршум, во неговиот дневник напишал последно барање, да оној кој што ќе го пронајде четивото, да и го однесе на неговата девојка Лори Меј Дејвис. 

Неговата девојка стигнала да го прочита дневникот, но дури по 70 години, кога го пронашла на една изложба во Националниот Музеј на Втората светска војна во Њу Орлеанс. 

- Не знаев дека неговиот дневник е таму, раскажува 90-годишната Дејвис, додајвајќи дека и потекле солзи од очи кога во Музејот го видела дневникот на нејзина средношколска љубов.

Таа додека го читала морала да носи ракавици за да не ја оштети хартија, а тамошниот вработен Ерик Ривет изјавил дека ова е прв пат во неговиот живот да некои пронајде спомен во витрините во Музејот. 

Дејвис и Џонс се запзонале во средното училиште Винслоу во 1941 година. - Тој беше кошаркар, а јас бев навивачка, раскажува Дејвиџ, појаснувајќи дека Џон и подарил прстен, но дека не биле верени. Тие биле само во љубовна врска за време на средното училиште, а биле и двојка за на матурската вечер. 

најчитано сега