Пензионер се обидел да се самоубие со бомба - лекарите се борат за неговиот живот
Пензионер од Србија се обидел да се самоубие така што пред својата куќа активирал бомба кашикара. Се работи за 71-годишниот С.Б. кој бил веднаш пренесен во болница каде лекарите се борат за неговиот живот.
Како што пренесе српскиот Курир, вистинско чудо е како пензионерот преживеал, но изгубил доста крв, па затоа бил итно опериран. Моментално е во кома.
Засега не е познато зошто пензионерот се обидел да си го одземе животот.
11.06.2014 - 13:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа