ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ: Еве колкава штета направиле скопјани крадејќи цвеќиња и прскалки
Искршени дрвја, украдени цвеќиња, прскалки и хидранти - ова се само дел од проблемите со кои се соочува ЈП „Паркови и зеленило“.
Според информациите на Сител, само во зимскиот период од јавните зелени површини во Скопје украдени се повеќе од 36,000 цвеќиња, како и прскалки и хриданти вредни 11.000 евра. Од претпријатието апелираат до граѓаните да се воздржат од уништување на зелените површини.
-Ја користам оваа прилика да упатам апел до граѓаните на Град Скопје, посебно во делот на крадење цвеќиња, доколку истите им се потребни би било пожелно да дојдат во просториите на ЈП „Паркови и зеленило“, ние сме спремни истите да им ги донираме наместо да се уништуваат, вели директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ за Сител.
Крадците најчесто “оперираат“во Градскиот парк во Скопје. Таму, во последните шест месеци се украдени повеќе од 50 прскалки и 30 хидранти. Во Македонија уништувањето на зелените површини е забрането со закон и сторителите може да заработат парична казна од 50 евра или пет дена општокорисна работа во едно од скопските јавни претпријатиа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа