Со секира си ги убил мајка му, баба му, братот и тримесечната сестра

 

Четрнаесет годишно момче од Јужна Африка денеска се појави пред судот поради обвинението во кое стои дека наводно со секира ги убил својата мајка, бабам брат и помлада сестра.  Другите две сестри на возраст од осум и девет години, успеале да побегнат кај соседите и да кренат паника за време на страшното злосторство кое се случило во петокот во дивата Етватва источно од Јоханесбург. Неговата мајка била пронајдена мртва во куќата, додека тримесечното бебе во полето. Бабата и братот им подлегнале на повредите на патот до болницата. Оружјето засега не е пронајдено, а соседите сметаат дека мотив за ваквото убиство е сатански обред. Неговото семејство се откажало од него. 

најчитано сега