ФОТО: Александар Македонски се исправи во Аеродром

Биста на Александар Македонски се исправи во населбата Аеродром. По повод крајот на учебната година и патрониот празник на новото училиште, денес беше тргнато црвеното платно и промовирана прекрасната биста, а на настанот присуствуваа министерот за образование и наука, Спиро Ристовски и  градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски.

Бистата е донација од скулпторката Валентина Стефановска. Училиштето и општината немаа трошоци за оваа биста.

-На мое лично задоволство денес сум присутен на една завршна приредба која на еден симболичен начин го прикажува крајот на учебната година и во оваа прилика би сакал на сите ученици да им го честитам завршувањето на учебната година и многу убав летен распуст, добри оценки. На оние кои што се во процес на запишување во средно училиште и факултетите им посакувам успех во уписите, истакна Ристовски.

 

10.06.2014 - 15:17
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа