Попоски се сретна со комесарот за малицинства на ОБСЕ

Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ,  Астрид Торс, која престојува во посета на Македонија, денеска се сретна со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.

Попоски и Торс, како што соопшти Министерството за надворешни работи, размениле мислења за активностите што ги презема македонската Влада за реализација на обврските од Охридскиот рамковен договор, вклучувајќи ја и правичната застапеност на немнозинските етнички заедници.

- Воедно, на средбата стана збор за имплементацијата на Стратегијата за интегрирано образование која треба да придонесе кон  зголемена интеракција на учениците од различни етнички заедници во образовниот процес. Министерот Попоски повтори дека имплементацијата на Стратегијата за интегрирано образование останува приоритет на Владата на Република Македонија, се вели во соопштението.

 

10.06.2014 - 14:15
Фото: 
сител
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега