Продолжува потрагата по малезискиот боинг- ангажиран уште еден брод

Австралиското Биро за сигурност на транспортот во име на Малезија, ангажирало уште еден брод кој ќе се обиде да лоцира траги од исчезнатиот Боинг 777, за кој една од најверојатните претпоставки е дека потонал во Индискиот Океан потврди денеска претставник на малезиската влада.

Овој брод, слично на веќе ангажираниот кинески истражувач на морските длабочини, првите извештаи треба да ги достават најкасно до крајот на идниот месец. За 50 дена бродовите треба да испитаат дали авионот се наоѓа во подрачје од околу 60.000 квадратни километри.

Властите во Куала Лумпур соопштија дека до сега, за финансирање на потрагата по исчезнатиот авион издвоиле над 9 милиони долари. За да се откие мистеријата со исчезнувањето на авионот кој на 8 март полета од Куала Лумпур кон Пекинг, ангажирани се бродови, авиони и подморници од повеќе држави, но до сега нема никаква трага, ниту индикација за тоа што, всушност, се случило со авионот во кој летаа 239 патници и членови на екипажот.

10.06.2014 - 14:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега