"Дојде време за ку*вата" - збесна роднината на една од загинатите девојки во Србија

Денеска се простуваме од живот кој не ни започнал. Денеска се простуваме од живот кој не е довршен...со овие зборови колегите на двете студентки кои загинаа во страотна сообраќајка откако на нивниот Голф налета Ауди, движејќи се со 160 километри на час, денеска се простија од нив.

Факултетот за технички науки во Нови Сад денеска е завиен во црно. Деканот на факултетот со солзи во очите пред студентите говорел за двете студентки кои штотуку завршувале прва година.

- Владица завршуваше прва година, штотуку стана член на нашето семејство. Ќе се сеќаваме секогаш на нејзината насмевка, убавина и добрина. Ова е голема трагедија, истакнал тој.

Тетинот на Владица, исто така денеска се обрати пред сите колеги кои се завиени во тага и болка.

- Ви благодарам за поддршката во овие тешки мигови. Изгледа дојде време паметните да молчат, будалите да зборуваат и да се збогатуваат. Дојде време за ку*вата, изјавил тој изреволтиран од настанот во кој згаснаа три млади животи.

Детали за несреќата може да прочитате ТУКА.

10.06.2014 - 13:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега