СДСМ не ги прифати резултатите од изборите - сега не ги прифаќа и пораките од Брисел
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија откако не ги прифати резултатите од парламентарните избори и тешкиот пораз од 200.000 гласа разлика, сега не ги прифаќа ниту пораките кои од Брисел се испратени до најголемата опзоициска партија.
СДСМ предводен од Зоран Заев и Радмила Шекеринска се реши за деструктивна политика и неприфаќање на јасно изразената волја на граѓаните на 27- ми април преку враќање на освоените пратенички мандат, надевајќи се на странска поддршка за ваквата нивна политика.
Сепак, раководството на СДСМ наместо поддршка доби шлаканица на средбата со комесарот за проширување и добрососедска политика, Штефан Филе во Брисел. Во соопштението кое беше објавено од неговиот Кабинетот, јасен беше повикот на Филе, СДСМ да се врати во Собранието и со тоа да се откаже од идејата за вонинституционално дејствување.
- Комесарот Филе ја повика опозицијата да се вклучи во работа на Парламентот, како најдобар начин за решавање на проблемите и да придонесе за реформите неопходни за земјата. Напуштањето на демократските институции ги слабее истите, а силни демократски институции се во интерес на земјата, се наведува во соопштението на Европската комисија.
Откако не ги прифати резултатите од изборите, СДСМ не ги прифаќа ниту пораките од Брисел. Заменик претседателот на партијата, Радмила Шекеринска гостувајќи во емисијата „15 минути“ на Алсат-М телевизија напомена дека и покрај критиките од ЕУ, опозицицата нема да ја наведне главата пред власта за да се врати во Парламентот, што практично значи дека СДСМ не ги прифаќа критиките и препораките од Брисел опозицијата да се врати во Парламентот и демократски да партиципира во процесите, што беше основно барање на средбата на Заев и Шекеринска со Филе.
Инатетот и неразумното однесување на СДСМ наспроти апелите и повиците да се вратат во Парламентот според многуммина упатуваат на тоа дека или раководството на СДСМ својата непопусливост ја должи на фактот што некому се должници и на овој начин одработуваат со влечењето на неразумни и контрапродуктивни потези кои се штетни како за дрзжавата така и за самата партија, или дека имаат дебела финансиска причина.
Партиски извори коментираат дека токму ова била дилемата и на самото членство на партијата, кое реагирало на ваквата политика на СДСМ, која ги води во политички амбис.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа