Ѓорѓиев: Не е доведена во прашање гасификацијата на Скопје

Македонија внимателно го следи развојот околу случувањата со Јужен тек, кои, во секој случај, не зависат директно од нас. Делот кој зависи од нас, во смисла на подготовки од наша страна, е комплетиран, изјави денеска портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, одговарајќи за тоа кој е ставот на Владата по последниот развој на настаните поврзани со гасоводот Јужен тек.   

- По повод најновиот развој на ситуацијата поврзана со одлуките на Бугарија, и доколку тие бидат на тој начин реализирани и непроменети, Владата веќе разработува анализи во врска со можностите за реализација на планираните проекти во рамките на сегашните количини и капацитети на природен гас кои може да  се обезбедат. Според првичните проценки, гасификацијата на Скопје не е доведена во прашање во случај на неможност за реализација на Јужен Тек, рече Ѓорѓиев.  

Тој изјавува дека прелиминираните нефинални анализи укажуваат дека веројатно и овие два лота би можеле да се вклопат во сегашните количини и капацитети, кои ќе ги задоволат потребите краткорочно или евентуално среднорочно. Инаку, соодветно внимание се посветува и на Јужен тек и на Трансјадранскиот гасовод ТАП, како битни проекти за долгорочната енергетската иднина на земјата. За ТАП подолго време комуницираме со партнерите, сме имале поголем број контакти, квалитетни и по обем и по суштина, последен пат со претставници на ТАП кои беа во земјава неодамна, и на овој план работите се одвиваат во добра насока.

Покрај овие два проекта, додаде тој, Владата разгледува и други алтернативи за долгорочно снабдување со природен гас за кои се извршени и разговори.

10.06.2014 - 12:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега