Невремето направи хаос во кавадаречко
Дел од лозовите насади во кавадаречко претрпеле штети по врнежите од град кои синоќа го зафатија овој крај.
- Според првичните информации, најпогодени од невремето се лозовите плантажи крај Тиквешкото езеро, месностите „Бела чешма“, „Шамаците“ и „Умата“, ресавскиот атар, околу „Љубаш“ и „Коњските дупки“, изјави Лазе Стамаџиев од Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, пренесе МИА.
Тој нагласи дека сеуште е рано да се зборува за висината на штетите бидејќи треба на терен да се согледаат вистинските состојби.
10.06.2014 - 11:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа