На патот Пробиштип – Кратово забрана за тешки товарни возила

Забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тони е воведена на регионалниот пат Пробиштип - Кратово, на влез во Кратово поради појава на свлечиште.

На патниот правец Радовиш - Конче (Р-2433), на 11-тиот километар има свлечиште, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. 

09.06.2014 - 19:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа