Министерката за култура се сретна со италијанскиот амбасадор Масимино Белели

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска се сретна со италијанскиот амбасадор во Република Македонија Ернесто Масимино Белели.

На средбата, како што соопшти Министерството за култура, присуствувааи директорот на Интернационалниот филмски фестивал „Џифони“ Клаудио Губитози и директорот на Агенцијата за филм Дарко Башевски.

Тема на разговор на средбата било претстојното, второ издание на Меѓународниот фестивал „Џифони - Македонија“, кој оваа година ќе се реализира  од 8 до 12 октомври, а на кој ќе учествуваат над 400 деца од Македонија и од околните земји. Овој фестивал е од исклучително значење за подигање на свеста на младите за филмската уметност, но и на нивната перцепција за културата и уметноста воопшто.

- Оваа година Република Македонија ќе учествува и на Меѓународниот фестивал „Џифони“ во Италија кој веќе има 44-годишна традиција и на кој македонската делегација ќе биде најмногубројна досега (ќе учествуваат 13 деца). Овој фестивал е одлична можност за  културна интеракција на младите од целиот свет бидејќи на оваа манифестација редовно учествуваат повеќе од 5000 млади од над 50 европски земји, се вели во соопштението од Министерството за култура.

На средбата меѓу министерката Канческа-Милевска и амбасадорот Белели станало збор и за новиот Договор за соработка меѓу Република Македонија и Република Италија во областа на културата кој е предвидено да се потпише при посетата на италијанскиот министер за култура на Република Македонија во октомври годинава кога ќе биде отворена и изложбата на мозаиците од Равена.

Од Министерството за култура информираат дека во текот на втората половина од 2014 ќе се реализираат уште неколку активности од областа на културата со кои ќе се одбележи  претседателството на Република Италија со Европската Унија. Република Македонија ќе се претстави и на Археолошката берза во Пестум, Италија, во ноември

09.06.2014 - 18:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега