Повторно ќе се поремети сообраќајот во Скопје - еве каде нема да се вози

Поради изведување градежни работи на двете стари коловозни ленти од булеварот Трета македонска бригада, од утре возилата по оваа сообраќајница ќе се движат по новопробиените две коловозни ленти, и тоа на потегот од бензинската пумпа „Пуцко петрол“ до раскрсницата со булеварот Србија.

 Овој привремен сообраќаен режим на булеварот Трета македонска бригада ќе важи до завршување на градежните работи за проширување и реконструкција на оваа важна сообраќајна артерија.

 На посочената делница од булеварот ќе биде поставена соодветна патна сигнализација. Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

 

 

09.06.2014 - 13:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега