Против „Епл“ се води истрага за антиконкурентско однесување
Против американската компанија „Епл“, Европската комисија покрена истрага за антиконкурентско однесува при продажбата на „Ајфон“ и технички ограничувања со цел да се отстранат ривалските компании од европскиот пазар.
До европските мобилни оператори минатата недела беше испратен прашалник, преку кој комисијата сака да ги утврди условите за дистрибуција, за кои смета дека го фаворизираат „Епл“, на начин на кој што ниту една друга конкурентска компанија не може да обезбеди подобар договор за продажба.
Од „Епл“ се бранат дека сите договори кои што ги има склучено компанијата се во согласност со европските закони.
Засега истрагата се наоѓа во прва фаза, а е отпочната по жалбата на неколку приватни мобилни оператори.
Пред започнување на официјална истрага Комисијата мора да биде сигурна дека Епл има доминантна позиција на европскиот пазар на смартфони, што би можело да биде тешко за докажување со оглед на популарноста на јужнокрејската компанија „Самсунг“ и уредите „Галакси“.