Трагедија во Србија: Се удави 17-годишно момче

Уште една трагедија ја зави Србија во црно откако тројца тинејџери загинаа во страотна сообраќајна несреќа, откако на нив налета Ауди, движејќи се со 160 километри на час. Овој пат се работи за 17-годишниот Михајло Колиќ кој во текот на вчерашниот ден решил да го искористи убавото време, па заедно со уште четири пријатели решиле да се бањаат во Дунав.

Момчето заедно со другарите на местото на трагедијата пристигнало со такси-возило, а потоа сите заедно решиле да се разладат. Кога неговите другари излегле од водата, виделе дека го нема Михајло, кој инаку не знаел да плива.

Екипите се уште трагаат по телото на несреќниот тинејџер.

09.06.2014 - 11:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега