Четири дечиња останаа без татко - уште една страотна сообраќајка во Србија

Повторно се пролеа крв на улиците во Србија. Мирослав Драгољовиќ и Зоран Николиќ кои загинаа во страотна сообраќајка откако со моторот се забиле во автомобил.

Според податоците на српскиот Курир, 25-годишниот Мирослав и 35-годишниот Зоран околу еден часот по полноќ со моторот движејќи се по улица, удриле во автомобил и починале на лице место. Зад себе оставиле четири деца. 

Засега не се познати околностите под кои настанала несреќата. Најверојатно, според неофицијалните податоци, несреќата се случила кога возачот на автомобилот возел во рикверц.

09.06.2014 - 10:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега