Вештаците тврдат: Убиецот на манекенката Червенко не е луд!

Даријан Мусиќ во ноември 2012 година го згрози Балканот откако ја претепа и до смрт ја мачеше својата девојка, манекенката Владислава Червенко. За време на последното судско рочиште, вештаците тврделе дека Даријан не бил непресметлив во моментот кога го извршил грозоморното убиство.

- Мусиќ е интелигентен и со оглед на тоа дека кај него не се регистрирани растројства и душевни болести, како ни зависност од алкохол или наркотични средства, може да се потврди дека во моментот на убиството не бил непресметлив, велат вештаците за српскиот Ало.

Иако на првото рочиште убиецот се обиде да ги збуни лекарите и вештаците, за да изгледа дека бил непресметлив за време на убиството кое го потресе целиот регион, изгледа тоа не му успеа.

Тој во 2012 ја уби Владислава во нејзиниот дом, мачејќи ја до смрт. На манекенката која починала во голема агонија, и биле скршени сите ребра на телото.

 

09.06.2014 - 09:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа