Од прослава заминале во смрт - детали за несреќата во која згаснаа млади животи

Две девојки и едно момче, сите на возраст од 20 години загинаа во страшната сообраќајна несреќа која се случила во центарот на Нови Сад, Србија. Според податоците на српскиот Ало, се работи за Милица Лажимирац, Владица Матовиќ и Александар Мариќ кои загинаа заедно во страотна сообраќајка, враќајќи се од годишнина од матура. 

Тинејџерите се движеле со Голф, кога на нив налетало друго возило марка Ауди, и движејќи се со огромна брзина, ги усмртило на лице место.

- Страшно, навистина страшно. Не паметам ваква несреќа. Слушнал силен звук, се свртев и видов како семафорот од ударот летна во воздухот. Сликата беше стравична, вели сведок за српскиот Ало.

Сите кои ги познаваат Милица, Владица и Александар велат дека биле добри деца и одлични студенти. 

Нека почиваат во мир!

09.06.2014 - 09:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега