Јахјага и официјално не оди во Охрид
Министерот за надворешни работи на Косово Енвер Хоџај истакна дека Македонија место европски вредности, делува токму спротивно, со тоа што од Македонија не била испратена покана до косовската претседателка Атифете јахјага, за присуство на Самитот на претседатли на држави и влади на југо-источна Европа во Охрид.
Хоџај имал неколку обиди да се избори за поканата преку неговиот македноски колега Никола Попоски, но безуспешно.
Поради тоа Хоџај истакна дека на овој начин не само што се зацврстуваат односите меѓу двете земји, туку напротив претставува реална загриженост, поради тоа што е против духот на регионална соработка.
Од кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов денеска соопштија дека Македонија не може без согласност од другите да поканува, особено кога ни е ставено на знаење дека со таков чекор, некои од земјите членки би го откажале учеството.
ФОТО: Нова ТВ