Време: Подгответе се за невреме

 Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала облачност, а попладне ќе биде нестабилно со појава на грмежи и пороен дожд и изолирана појава на град, наместа во форма на невреме. Ќе дува умерен, повремено во попладневните часови и засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 26 до 33 степени.

Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со мала облачност, а попладне нестабилно со појава на грмежи, пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува умерен, а попладне до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

08.06.2014 - 09:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа