Само двајца се живи од 23- те специјалци кои учествуваа во ликвидацијата на Бин Ладен

Семејствата на припадниците на морнаричките фоки кои учествуваа во ликвидација на Осама бин Ладен, ја обвинија Белата куќа дека тие се жртви на атентат и дека на овој начин се сака да се прикрие вистината. 

Од вкупно 25-те припадници, кои пред две години учествуваа во ликвидацијата на Бин Ладен, живи останаа само двајца. 

Само три месеца по акцијата животот го загубија 17 припадници на оваа елитна единица во хеликоптерска несреќа во Авганистан. Семејствата на жртвите тврдат дека за нивната смрт одговорен е Вашингтон затоа што талибанците на време добиле детални информации за летот кои им биле потребни за уривање на леталото.

Во неколку инциденти кои потоа следувале загинале уште шест други припадници на елитната „Тим сикс“.