Претседателот Иванов, генералот Котески и министерот Џафери ќе се сретнат со турскиот генерал Озел

Денеска претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов ќе го прими началникот на Генералштабот на вооружените сили на Турција, генералот Неџет Озел, Потоа на свечена церемонија ќе биде пречекан пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, каде ќе оствари средба со генерал мајор Горанчо КОтевски, началник на генералштабот на АРМ. 

Главни теми на разговорите ќе бидат понатамошното проширување на билатерална соработка и можностите за соработка на полето на наменската индустрија.

За време на престојот во ГШ на АРМ, генерал Озел ќе се сретне и со министерот за одбрана Талат Џафери. Ќе се одржи и средба на делегациите од ГШ на АРМ и вооружените сили на Турција.

АРМ има одлична соработка со вооружените сили на Република Турција која се одвива на повеќе полиња, како што се обуката, военото образование, употреба на единици во мировни мисии предводени од НАТО, опремувањето и друго. Република Турција важи за стратешки патнер на Република Македонија на полето на одбраната, за што најдобар показател се околу 640 школувани старешини на АРМ на највисоките школи на ВС на Република Турција, донација на различна опрема за модернизација на АРМ во вкупна вредност од околу 16 милиони американски долари, како и реализација на голем број на заеднички вежби во двете земји.

Република Турција има долгогодишно искуство како членка на НАТО, при што има развиено високи стандарди во градењето на сопствените ВС, која од формирањето на АРМ па до денес, континуирано и несебично ја помага и го поддржува нејзиниот прием во НАТО

најчитано сега