Лима ќе банкротира: Еве колкава сума и бара Марко

Адријана Лима, која поднесе барање за развод, сега се соочува со нови сериозни проблеми. Нејзиниот сопруг Марко Јариќ, поднесе контра тужба во која од неа бара дури 30 милиони долари оштета, колку што тврди дека изгубил бидејќи поради неа предвреме ја прекинал неговата успешна кошаркарска кариера.

Кога Марко се врати од Белград во Америка, тие поминаа неколку дена заедно во Мајами. Парот се обидел да ги реши проблемите, но, сепак повторно се споменале неверствата и ти жестоко се искарале. Марко ја обвинил бразилската манекенка дека поради неа му завршила кариерата и и најавил дека тоа дебело ќе го плати, раскажува близок извор до Јариќ. 

Според изворот, Марко е гневен што поради желбата на Лима да живеат во Америка, тој го напуштил Реал Мадрид и потпишал договор со Чикаго. Тој не бил задоволен од тоа, ниту од третманот кој го имал таму, па ја прекинал кариерата иако можел да игра уште три сезони во Реал, каде најверојатно ќе заработел 30 милиони долари.

07.06.2014 - 14:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега