И денеска е Задушница: Каснете нешто за душата на мртвите

Православните христијани и денеска празнуваат Задушница, утре Духовден, денови посветени на душите на умрените. Денеска се оди на гробишта и се носи храна.

Се верува дека на Задушница, покојните доаѓаат да ги видат своите најблиски, барајќи од нив храна и вода.

Обичај е да се оди на гробишта, таму да се прочита молитвата и да се осветат работите што се донесени. Потоа, оние кои го посетиле гробот треба да каснат од пченицата и лепчето полиено со црвено вино.

На Духовден не се оди на гробишта. Тоа не е празник на мртвите, туку празник на Светиот дух и воспоставување на црквата на земјата.

07.06.2014 - 11:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега