Уште еден лекар изеде ќотек од пациентка - овој пат во Штип

Полицијата повторно се справуваше со збесната пациентка. По нападнатиот лекар во тетовската болница, вчера ќотек доби и лекар во штипската болница.

Според информациитена Канал77, пациентка од Кочани нападнала лекар во хирушкото одделение на штипската болница. Неофицијално, причина за инцидентот бил презакажан термин за операција, за што пациентката била доцна информирана.

-Тоа предизвикало револт кај жената која бесот го истурила на штипскиот лекар. Била повикана и Полиција. Порпарлот на СВР Штип, Гордана Панајотова, вели дека има пријава за напад, но вербален, не физички, објавува Канал 77.

Од штипската болница не ги демантираат информациите дека дошло до инцидент, но велат дека официјални информации ќе објават во понеделник по детално испитување на случајот.

07.06.2014 - 10:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа