Привремен сообраќајен режим на мостот кај Транспортниот центар

Поради санирање на дилатационата фуга и оштетувањата во асфалтот, денеска од 8 до 15 часот ќе се воведе привремен сообраќаен режим на мостот кај Транспортниот центар.

Според информациите од Град Скопје, на двете десни сообраќајни ленти од мостот, гледано во насока од Сајмиште кон Аеродром, на кои ќе се изведуваат градежните работи, ќе се постави соодветна патна сигнализација.

Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот. 

07.06.2014 - 10:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа