Дознајте какво ќе биде времето за викендот

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во северозападните и источните делови е можна појава на изолирана нестабилност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 25 до 32 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево. Попладне ќе има умерен развој на нестабилна облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

В недела во попладневните часови ќе има локална нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 26 до 33 степени.

Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 8.

06.06.2014 - 15:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа