Гледањето на женски гради и бикини ги „оглупува“ мажите

Мажите не носат добри одлуки додека гледаат во убави девојки во бикини, стои во објавената статија во изданието за овој месец на весникот „Consumer Research“.

Во „бикини“ експериментите, Белгијските истражувачи направиле серија тестови над 358 млади мажи. Во еден тест, мажите гледале во слики од девојки во бикини и во слики од природа. Во друг тест на некои мажи им биле дадени на разгледување маички, а на други градници.

Во третиот тест им било дадено да гледаат видео материјал во кој мажи трчаат во природа и уште едно во кое стотина млади девојки во бикини трчаат по планини, плажи.

Во секој тест испитувачите им нуделе на мажите да одберат помеѓу тоа да им биде платено 15 евра во моментот или да се ценкаат за поголема сума за која ќе треба да почекаат недела или месец.

Во сите тестови, мажите кои биле изложени на секси девојки или градници се сложувале со сума пониска од оние испитаници кои биле изложени на неутрални фотографии и видео материјали.

На пример, додека мажите кои гледале полиља и слична природа побарале екстра 10 евра еден месец подоцна (вкупно 25 евра), оние кои биле изложени на девојки во бикини се согласувале со само екстра 5 евра (вкупно 20).

06.06.2014 - 14:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега