Девојка е причината за масовната тепачка меѓу Македонци и Африканци во Перт

Навреда со дофрлување на девојката на млад Македонец од страна на Африканец ja предизвикала крвавата, масовна тепачка што се случи пред два дена во австралијанскиот град Перт, пишува Дневник. 

Настанот се случил во локалниот парк во населбата Мирабука, по што преку повици на социјалните мрежи се собрале група Македонци и група Африканци и почнале да се тепаат

- Нашиот сонародник реагирал на навредите кон својата девојка и се случила кавга. Ова не е прва караница што се случува меѓу наши македонски момчиња и Африканци. И порано се случуваа, Африканците тука се многу агресивни и нашите реагираат, велат наши сонародници од Перт за Дневник.

Инаку, во Мирабука живеат претежно Македонци кои одамна се дојдени во Перт. Тие се многу побројни од Африканците дојдени од Судан и Сомалија.

- На сето ова сигурно влијае и тоа што многу од младите се невработени и со тоа се зголемува агресивноста кај нив, објасниле Македонците од Перт за Дневник.

Австралиската полиција вчера објави фотографии од крвавата тепачка која настана на улиците меѓу Херб Греам и плоштадот Мирабука во Перт. Во масовната тепачка учествувале група Македонци и група Африканци, чии идентитети сеуште се непознати. За да ги раздвои двете групи, -полицијата морала да употреби и „бибер-спреј“. Дел од насилниците ја пренеле тепачката и пред полициска станица и пред седиштето на градскиот суд.

06.06.2014 - 13:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа