„Има бомба во градската депонија“ - малолетник го крена Штип на нозе

 

11 годишно дете вчера се јавило во штипската полиција и пријавило дека има бомба во градската депонија.

Откако ја добиле дојавата за бомба, полицијата извршила контрола и открила дека дојавата е лажна и дека всушност 11 годишник стои зад предизвиканата паника. Малолетникот се јавил на 192 од мобилниот на својот татко и лажно пријавил дека има поставена бомба во депонијата. И малолетникот и неговиот татко биле повикани на разговор во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен посебен извештај.

06.06.2014 - 13:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега