Летни јадења со кои ќе губите килограми

Светски познатата нутриционистката Сузан Мур Ви нуди шест совети со помош на кои на едноставен начин ќе го намалите внесот на калории, а сепак ќе уживате во храната.

Таа вели дека најдобро е да јадете сезонско овошје и зеленчук.

 

1. Ладни супи

Мур истакнува дека нискокалоричните супи од зеленчук се одлични за почеток на оброкот, бидејќи заситуваат и откако ќе ги изедете ќе јадете помалку храна за време на главното јадење.

2. Лубеница

Во лето никако немојте да ја заобиколувате лубеницата. Уживајќи во неа можете да ја задоволите гладта, жедта и желбата за благо.

3. Печено овошје и зеленчук

На скара можете да ставите буквално сè - кромид, моркови, тиквички и така ќе добиете вкусно и нискокалорично јадење.

4. Салати

За добра салата не Ви е потребен рецепт. Земете го зеленчукот кој го сакате, исецкајте го, додајте маслиново масло и балсамиран оцет, промешајте и уживајте. По желба можете да додадете месо или риба, но имајте на ум дека тие се само додаток во салатата.

5. Слатко овошје

 

Експериментирајте со овошјето и со него заменете ги слатките.

Ова навистина не е тешко да се направи. Обидете се и набрзо ќе ги забележите резултатите.

06.06.2014 - 12:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа