Делегација од АЕК на седница на BEREC во Даблин

 

Делегација од Агенцијата за електронски комуникации предводена од директорот Роберт Орданоски присуствуваше на пленарна седница на Групата на независни регулатори (IRG) и Европското тело на регулатори за електронски комуникации (BEREC) во Даблин, во својство на потпретседатели.

На седницата присуствуваа претставници на регулаторните тела од земјите членки на Европската унија, земјите кандидати за проширување и земјите членки на ЕФТА.

Учесниците дебатираа за теми од областа на регулацијата на електронските комуникации и усвоија повеќе извештаи. Се дискутираше и за новостите во врска со предложената регулатива од страна на Европската комисија. Поголема дискусија е развиена за начинот на кој Групата на независни регулатори (ИРГ) ќе ја продолжи својата работа преку конкретни активности и цели посебно во насока на создавање форум кој ќе се користи за споделување на знаење и искуство за помладите експерти.

Директорот Орданоски, како што денеска информира АЕК, презентирал извештај од посетата на Јапонија на која биле присутни и претседателот и потпретседателите на ИРГ/БЕРЕЦ. 

06.06.2014 - 11:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега