Зошто СДСМ лажеше за средбата во Брисел кога Филе ги демантираше?

Европската Унија и комесарот за проширување Штефан Филе вчера и даде јасна порака на СДСМ да се врати во Парламентот, но најголемата опозициска партија продолжува со барањето за техничка влада.

Во соопштението што го лиферуваше кабинетот на Филе по утринската средба, еврокомесарот ја повикал опозицијата да се вклучи во работата на Собранието, како најдобар начин за решавање на проблемите и да придонесе за неопходните реформи во земјата.

- Комесарот Филе ја повика опозицијата да се вклучи во работа на Парламентот, како најдобар начин за решавање на проблемите и да придонесе за реформите неопходни за земјата. Напуштањето на демократските институции ги слабее истите, а силни демократски институции се во интерес на земјата, се наведува во соопштението на Европската комисија.

Дека средбата Филе со Заев и Шекеринска не поминала ни малку глатко и дека раководниот двоец на СДСМ доби врела шлаканица од Брисел за своето однесување, говори и фактот што СДСМ сакаше да ги сокрие пораките од еврокомесарот Филе и излажа за тоа што се говорело на средбата.

Она што е скандалозно е фактот што СДСМ испрати комплетно различно соопштение за средбата со Филе од она што го испратија како информација службите во Брисел. СДСМ во своето соопштение не напиша ниту збор за пораката на Филе да се вратат во Парламентот.

Ваквата порака, за аналитичарите кој ја следат политиката на Брисел е редок случај каде европските политичари толку јасно и недвосмислено укажуваат за одредени работи, што пак ја потврдува неприфатливоста и несериозноста на однесувањето на СДСМ.

Европската унија и Штефан Филе испратија јасна порака до опозицијата, да се врати во Собранието и на тој начин да работи на унапредување на демократските капацитети, што значи дека местото на СДСМ единствено им е во Парламентот и барањето на СДСМ за техничка влада е депласирано. Според дипломатски извори, ваквото однесување на СДСМ и барањето за техничка влада наишло на потсмев кај европските бирократи.

06.06.2014 - 11:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа