Потресна исповед на сопругата на Дуле

 

Да беше жив, на 29. мај годинава, Дуле ќе наполнеше 40 години. Неговата сопруга Љупка со солзи зборува за болката со која се справува секој ден откако го нема нејзиниот сопруг.

- Минатата година роденденот на Дуле го прославивме во ресторанот “Фуфо“. Знаеш нас не ни требаше повод, секој ден ни беше роденден. Дуле никогаш не се срамеше од искажување на своите чувства, него не му требаше друг повод освен љубовта. Со Дуле се чувствував бескрајно сакана, заштитена, тој беше најдобриот татко на мојата ќерка Илијана, вели Љупка, втората сопруга на Душан Љубисављевиќ за „Свет“.

Таа вели дека голем дел од денот го поминува сеќавајќи се на Дуле.

-Ме боли што него го нема за да му се втрчаме во прегратка, за да не бакне мене и Илијана, за да ни каже убав збор и неговото „ве сакам двете’, вели Љупка. 

Љупка вели дека нејзината ќерка, тешко ја прифатила смртта на нејзиниот татко.

-Ми беше тешко да и објаснам на Илијана дека го нема нејзиниот татко Дуле. Многу го сакаше, па го викаше тато. И велев, татко ти отиде кај мајка му, а таа ми велеше нели може да се врати само да го гушнам. Ќерка ми секоја вечер им мавта на ѕвездите, замислувајќи дека таму некаде горе е нејзиниот татко и дека ја гледа, вели Љупка за „Свет“.

Љупка открива дека и помага кумот Сефер, а контактира и со Калиопи, Каролина и Маја.

-Можеби тие и не беа толку блиски со Дуле, но мене нивната поддршка многу ми значи. Од оние кои не очекував ја добив најголемата поддршка. По смртта на Дуле пробав да и се посветам на кафеаната, ама верувајте немам сили. Тој и беше се и не само сопруг, туку и голем пријател, некој кој најмногу ме разбираше, но очигледно дека судбината сакаше така да биде, со солзи во очите раскажува Љупка за „Свет“.

06.06.2014 - 11:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега