Еве кои изведувачи ќе ги видиме во финалето на „Макфест“
Во Домот за култура „Ацо Шопов“ во Штип вчера се одржа првата полуфинална вечер на фестивалот за забавни мелодии Мкфест. На сцената се појавија 15 изведувачи, а деветмина од нив ќе продолжат во големото финале во сабота.
По пат на телевоутинг, гледачите ги избраа овие финалисти: Јоце Панов, Дарко Илиевски, Маја Вукичевиќ, Мики Секуловски, Александар Белов, Викторија Лоба, Емил Арсов, Симона Попоска и Лена Заткоска.
Пејачите ги придружуваше ревискиот оркестар на Македонската Радио Телевизија. За време на гласањето, на сцената настапуваше Драган Мијалковски, кој ја забавуваше публиката со своите хитови.
Вечерва во 20:30 часот на првиот програмски канал на МРТ, ќе се пренесува втората полуфинална вечер. Финалето ќе се одржи утре во истиот термин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа