Снимен уште еден необичен звук: Му припаѓа ли на исчезнатиот малезиски боинг?

Необичен звук бил снимен во водите на западна Австралија, на денот кога исчезнал малезискиот авион, MH370.

На снимката десет минути откако авионот изгубил контакт со контролорите на летови, се слушаат нискофрекреквентни звуци кои на момент стануваат поинтензивни, што може да се протолкува како можен момент на пад на авионот во океанот. Звукот дошол од локација од околу 5 илјади километри западно од Перт, каде се наоѓа и центарот за координација за потрага по исчезнатиот авион.

Научникот Алек Данкан истакнал дека 90 отсто е сигурен дека звукот е предизвикан од земјотрес, но сепак сака да бидат направени детални анализи за да биде уверен во тоа.

-Истиот сигнал е забележан на неколку приемници па сакаме да бидеме сигурни дека не станува збор за авионот. Да бев јас на местото на трагачите по авионот, веднаш би отишол на локацијата од каде стигнал звукот и би прегледал. Таму не се случуваат многу работи кои произведуваат таков звук, заклучил Данкан.

Малезискиот Боинг 777 исчезна на 8 – ми март и оттогаш му се губи секаква трага. Во авионот имало 239 патници и членови на екипажот.

06.06.2014 - 10:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега