Тачи: Сакам мултиетничка влада и продолжување на дијалогот со Белград

Косовскиот премиер и лидер на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи истакна дека по парламентарните избори во недела сака да формира мултиетничка влада и да го продолжи дијалогот со Белград.

Тој додаде дека посакува многу стабилна коалиција која треба да биде мултиетничка, во која би биле застапени малцинствата, Србите и останатите.

- И понатаму ќе се ангажирам околу дијалогот, бидејќи верувам дека тоа е правилен пат кон нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, истакна Тачи, додавајќи дека е свесен дека поради тоа „платил политичка цена“.

Тој нагласи дека за Косово не постои никаква алтернатива, никаков друг пат од оној во ЕУ.

На изборите в недела Тачи очекува дека ќе освои значајна предност и многу убедлива победа на неговата партија, истакнувајќи дека програмата на партијата ја има поддршката од граѓаните, а гласачите веруваат во неговото ветување дека во следниот мандат ќе бидат отворени 200.000 работни места.

06.06.2014 - 10:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега