САД ќе испраќа воени советници во Украина

САД планираат да испратат во Украина помала група воени советници, кои ќе и помогнат на земјата околу потребите во областа на реформите на вооружените сили, изјави портпаролот на Пентагон, Ајлин Лејнез.

- Вашингтон, исто така, има намера да му испорача на Киев различни видови воена опрема, како на пример заштитни елеци, прибор за ноќно набљудување и комуникациски средства, истакна Лејнез.

Според неа, во текот на неделава претставници на Министерството за одбрана на САД имале средби со високи украински функционери, но не потврди каде точно се случиле тие контакти.

За време на овие разговори двете страни ги разгледале „начините според кои можат да ја зајакнат долгорочната воена соработка и да и помогнат на Украина да создаде ефикасни вооружени сили и одбранбени институции“.

Американскиот претседател Барак Обама на почетокот на март одобри испраќање на над 23 милиони долари дополнителна помош за Украина во сферата на безбедноста.

06.06.2014 - 10:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега