Температури и до 35 степени: Еве какво ќе биде времето за продолжениот викенд

И петок ќе помине во сончево и пријатно време. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Повторно во источните краишта и на повисоките места ветерот може да биде на моменти со умерена брзина,  пишува специјализираниот портал за временска прогноза, МетеоПро.

Минималната температура во поголем дел од Македонија ќе има вредност во границите од 11°С до 15°С

Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе има вредност околу 25°С се во котлините во западниот регион, и околу 27°С во котлините од источниот крај. Југот на повардарието очекува максимална до 31°С.

Вредноста на UV индексот ќе биде 8.

Скопскиот регион очекува претежно сончево и пријатно време. Ќе дува претежно слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе има вредност околу 13°С. Дневниот максимум на температурата ќе достигне вредност до 29°С.

Слично време се очекува и за викендот. Во сабота температурата ќе се искачи до 33 степени, а во недела, максимумот во некои делови на земјата ќе надмине и 34 степени.

06.06.2014 - 00:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега