Заев и Шеќеринска добија лекција од Филе и се обидоа да ја скријат од јавноста
Лидерскиот двоец на социјалдемократите доби вистинска лекција од евркомесарот за проширување, Штефан Филе. Тој јасно и недвосмислено и порача на опозицијата да се врати во Собранието со што испрати јасна порака дека нивните постапки одат директно на штета на македонските евроинтеграции. Ваквата порака на Филе директно го вперува и прстот во виновниците доколку Македонија на есен ја загуби препораката за старт на преговорите.
Заев и Шеќеринска денеска одбија да дадат изјави за македонските новинари. Од партијата постапката ја оправдаа со фактот дека од преходно највиле дека нема да одговараат на прашањата за кои македонската јавност очекуа одговори туку дека во некоја канцеларија ќе напишат соопштение во кое ќе ги вметнат само оние поенти за кои тие сметаат дека треба да бидат информирани граѓаните.
Ваквата постапка која е во спротивност со начелата за отвореност и демократичност, според експертите се должи на тоа што во СДСМ уште однапред знаеле каква порака ќе добијат од Филе, односно биле свесни дека политиката на бојкот не поминува во Европската Унија, па оттука, свесно ги избегнале прашањата на новинарите.
Уште поинтересно е што во партиското соопштение, Заев и Шеќеринска никаде не ги споменуваат пораки од Филе. Во соопштнеието на СДСМ стои само дека ја истакнале причината поради која се решиле да ги натераат своите пратеници да поднесат оставки.
Сепак, Филе и неговата канцеларија за односи со јавноста не дозволија, СДСМ да ги скрие вистинските информации од македонската јавност. Во своето соопштение, Европската Комисија јасно наведува дека СДСМ треба да се врати во Собранието.
fYRo#Macedonia:w/ @Zoran_Zaev stressed govt. responsibilities but opposition in Parliament is in country's interest http://t.co/8Q6Gn14kvX
— Štefan Füle (@StefanFuleEU) June 5, 2014
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа