Софија Вергара сака второ дете, пријателката ќе ѝ биде сурогат

Софија Вергара сака повторно да  стане мајка. Ѕвездата има замрзнати јајце клетки и пријателка која ќе биде нејзина сурогат мајка.

„Таа веќе ги зема хормонските инјекции и замрзна јајце клетки“, откри извор близок на актерката.

Откако на 20 години остана трудна, Софија сака повторно да го искуси мајчинското искуство.

„Кога се роди Маноло бев премлада и исплашена за да уживам во мајчинството. Сега сум зрела и успешна за да знам да го ценам ова искуство“, изјави убавицата.

05.06.2014 - 18:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега