Лазања со мелено месо

Еве што ви е потребно за да приготвите лазањи со мелено месо

1пакетче лазањи

500g мелено месо

200g рендан кашкавал

1глава кромид

1‑2 с.л.масло

3 чешниња лук

3 с.л. доматен сос

 оригано

 магдонос

 црн пипер

 вегета

1 с.л. сос бешамел

Подготовка:

  1. Исечкајте го кромидот и ставете го да се пржи во тавче со загреано масло.
  2. Ставете на оган тенџере со солена вода. Откако водата ќе започне да врие, додајте ги лазањите да се варат.
  3. Кога кромидот ќе добие златна боја, во тавчето додајте го и меленото месо. Постојано мешајте.
  4. Откако месото ќе ја промени својата боја, во тавчето додајте ги и доматниот сос, лукот, ориганото, магдоносот, пиперот и вегетата и пржете додека не ја добиете посакуваната густина.
  5. Во добиената смеса додајте го сосот бешамел.
  6. Откако ќе ги сварите лазањите, земете тава за печење, премачкајте ја со масло и наредете еден ред лазањи. Над нив ставете од смесата со мелено месо и рендан кашкавал, па потоа пак ред од лазањите. Постапката се повторува додека не ги наридете сите лазањи.
  7. Најгорниот слој треба да биде со лазањи. Врз него ставете го остатокот од ренданиот кашкавал.
  8. Ставете ја тавата во рерна и печете 30 минути на температура од 200°С.

 

 

05.06.2014 - 17:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега