Студен туш од Филе за Заев и Шеќеринска: Вратете се во Собранието
Комесарот за проширување на Еворпската унија, Штефан Филе, на денешната средба со претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателот Радмила Шеќеринска во Брисел, побарал од најголемата опозициска партија во Република Македонија да се врати во Парламентот, пишува МИА.
Во соопштението што го лиферуваше кабинетот на Филе по утринската средба, пренесува МИА, Филе ја повикал опозицијата да се вклучи во работата на Собранието, како најдобар начин за решавање на проблемите и да придонесе за неопходните реформи во земјата.
- Комесарот Филе ја повика опозицијата да се вклучи во работа на Парламентот, како најдобар начин за решавање на проблемите и да придонесе за реформите неопходни за земјата. Напуштањето на демократските институции ги слабее истите, а силни демократски институции се во интерес на земјата, стои во соопштението на Европската комисија, пренесува Македонската информативна агенција.
Во соопштението на неформалната Влада на Европската унија, на тема средбата Филе-Заев-Шеќеринска, се потврдува дека по неодамнешните избори во земјата, тие разговарале за повторените препораките на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во однос на пристрасното медиумско покривање и недостатокот на поделба меѓу државата и партиски активности. Тоа го посочи и СДСМ во соопштението за средбата со Филе, со оглед на тоа што Заев и Шеќеринска одбија да дадат изјава за дописникот на МИА од Брисел.
- Во овој контекст, комесарот истакна дека новата влада има јасна одговорност за решавање на овие недостатоци, како и на оние што во неколку наврати се посочуваат во извештаите за напредокот на земајта на Еврокомисијата и тоа како прашање на итност, соопштуваат од Кабинетот на Филе.
На крајот од ова соопштение, стои дека Филе ја повторил континуираната поддршка на Комисијата за напорите на земјата на нејзиниот пат кон интеграција во ЕУ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа